Во петок пристигнуваат 38,499 вакцини од „АстраЗенека“

Овој петок во земјава ќе пристигнат 38.400 вакцини од „АстраЗенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Се работи за втора пратка вакцини што се обезбедени преку КОВАКС механизмот.

Министерот информира дека вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинција. Во изминативе денови во јавноста се појави прашањето околу тоа дали и кога граѓаните кои се вакцинирале со оваа вакцина ќе ја примат втората доза.

Се работи за граѓани вакцинирани како во Maкедонија така и во соседна Србија, а кои треба да се ревакцинираат во рок од три месеци по првата доза. Сега, со ова пратка тој проблем би требало да биде решен или барем значително ублажен до приемот на новите пратки. Според инфорамциите од Министрството за здравство, втора доза од овие вакцини ќе ја примаат граѓаните што се постари од 60 години, а кои веќе ја примија прва доза.

Ревакцинацијата ќе започне во јуни, со оглед на тоа втората доза може да се прими на растојание од 12 недели по првата. Граѓаните помлади од 60 години пак, кои во Србија се вакцинираа со „Астра-Зенека“, ќе треба таму и да се ревакцинираат, затоа што во земјава таа можност нема да им биде дадена.

Коментари

коментар(и)