Во сабота изложба на минијатурни модели на автомобили

Во Центарот за култура во сабота од 15 до 19 часот ќе се одржи втората по ред изложба на минијатурни модели на автомобили. Настанот го организира  клубот Die-Cast. Втората изложба информираат надлежните е посветена на еден од најголемите филмски класици на сите времиња „Back to the Future“.

Не ја пропуштајте оваа прилика да се запознаете со други колекционери и љубители на Die-Cast модели и колекционери и изработувачи на воздухопловни макети, ќе размените искуства и ќе го збогатите Вашето знаење во однос на моделите и изработката на макетите, се вели во соопштението.

Ќе имате можност да уживате во убави и детални модели на автомобили, камиони и на воздухопловни макети.

Настанот ќе биде поддржан и од макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски Микс” од Скопје, ќе бидат изложени и воздухопловни модели со борбена, цивилна, како и тематика од Втората светска војна.

Коментари

коментар(и)