Во сабота ќе се одржи маскенбалот „Батко Ѓорѓија“

Традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија 2019“ во организација на општина Куманово ќе се одржи во сабота, со почеток во 11 часот, на градскиот плоштад. На манифестацијата ќе учествуваат околу 2.000 ученици од најмала возраст до средношколците, а ќе се претстават со поединечни и групни маски.

-Мислам дека треба да размислуваме од наредната година да прерасне во карневал, да имаме такви можности да го претставиме со поголема понуда за тоа има и процедура, но ќе работиме на тоа, бидејќи се покажа дека сите овие години интересот е голем. Овој пат учествуваат од градинките, основните училишта и сите граѓани кои се заинтересирани како индивидуална маска како и секоја година ќе бидат наградени според категориите. Ќе има награди од жири кое ќе го проследи карневалот, ќе има и во овој дел со музичка подлога сите маски ќе бидат поткрепени. Гостите ќе ни се од карневалот од струмица од средните училишта, ние имаме размена со нив и нашите маски учествуваат таму. Ги поканувам сите наши сограѓани, родителите, сите да бидат дел од ова чествување-истакна Нино Величковски директор на Фондација за култура и спорт.

На  маскенбалот ќе бидат доделени награди, за освоено 1, 2 и 3 место за учесниците од градинка, од основните и од средните училишта, а традиционално жири комисијата прогласува и најиновативна маска. Манифестацијата општината ќе ја чини околу 100.000 денари.

Коментари

коментар(и)