Во тек се уписите на „Евро колеџ“

Во тек се уписите во високообразовната установа „Евро колеџ“ за учебната 2016-2017 година.  Оваа студентска година на смерот бизнис и аминистрација имаат можност да се запишат 100 студенти, од кои 60 од државата, а 40 од странство, поточно од бизнис центрите во Дубаи и Малезија. Деканот, Љубиша Петрушевски истакна дека тие имаат посебни можности за плаќање со попусти, на рати и слично, па сите заинтересирани можат лично да се информираат во колеџот.

– Од тие 60 ние веќе имаме од прилика една третина и запишано така што до 1-ви октомври остануваат уште 40 ина места за  студенти кои се заинтересирани да се запишат. Дел од тоа ќе бидат студенти кои се вработени во МВР бидејќи со нив имаме договор, мислиме дека до почетокот на наставата  ќе завршиме комплетно со уписот, ова е 13 година што запишуваме не очекуваме некои посебни измени на начинот на запишување-истакна тој.

Тој додава дека Евро колеџ се разликува од другите универзитети по плодната соработка со странски студенти. Петрушевски истакна дека сите што ќе студираат во нивниот универзитет имаат можност да добијат и американска диплома, како и да можност за студентска виза за САД.

-Во соработка со нашиот партнер од Америка Аполос универзитетот, кој е национално акредитирана институција, имаме можност да овозможиме студентски визи за студираат паралелно и за американска и европска диплома со можност наредната година да ја поминат во америка. Тоа е новина за секој кој сака од македнија да помине дел од неговото студирање во америка да го стори тоа со паралалено студирање-нагласи тој.

Инаку наставната програма се одвива на македонски јазик, а предност на институциијата е тоа што на студентите кои сакаат паралелено да студираат во Макеоднија и Америка, имаат бесплатни курсеви по англиски јазик.

 

 

 

Коментари

коментар(и)