Поради цевка блокирана „Моша Пијаде“

Ископ на улицата Моша Пијаде, во близина на Спортската сала денеска го блокираше сообраќајот во овој дел на градот. Причината за ископот е дефект на цевка за водоводна мрежа.

Екипа на јавното претпријатие Водовод, е на терен и работи на решавање на проблемот. Директорот на Водовод, Горан Стојковски истакна дека не се работи за голем проблем, и истиот треба да биде решен во текот на денот и на тој начин ќе се овозможи нормален сообраќај.

Коментари

коментар(и)