Вршеле меѓународен превоз, без соодветна документација

Полициски службеници од граничен премин Табановце констатирале непочитување на законите кај седум патнички возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на седумте возила, сите скопски регистарски ознаки, управувани од седум лица, сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Коментари

коментар(и)