Генерал Павле Арсоски е новиот претседател на „Клуб на генерали -Скопје“

Нов претседател на Здружението „КЛУБ НА ГЕНЕРАЛИ-Скопје“ е генерал д-р Павле Арсоски.

Изборот на новото раководство на Здружението беше извршено на Годишното собрание на Здружението на кое присуствуваа речиси сите членови – активни и пензионирани генерали.

Генералот Арсоски го наследи досегашниот претседател на Здружението, генерал Зоран Димов на кого му заврши мандатот.

Годинава Клубот на генерали одбележува свој јубилеј – 10 години од неговото основање, а активно ќе се вклучи и во прославата на Големиот јубилеј- 30 години од формирањето на македонската армија.

Клубот на Генерали е здружение кое е основано во 2012 година и во кое членуваат армиски генерали меѓу кои и поранешни команданти и началници на Генералштабот на АРМ , чија главна цел е да се бави со актуелни прашања од областа на безбедноста и одбраната на државата.

 

Коментари

коментар(и)