Резултатите од пописот ќе бидат објавени на 30 март

Од Државниот завод за статистика најавија дека конечните резултати од Пописот ќе бидат објавени на 30 март, за што се подготвува настан во салата на Филхармонија.

Пописот траеше од 5 до 30 септември 2021 година. Според Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, беа попишани вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови.

Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица.

Коментари

коментар(и)