Гимназијалци даруваа крв

Општинската организација на Црвен крст Куманово во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција во средното училиште гимназија ,,Гоце Делчев‘‘ Куманово.

Акцијата беше успешно реализирана, а учениците својата хуманост ја покажаа со дарување на 37 крвни единици, се вели во соопштението.