60 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 21 упатени на вонреден технички преглед

Во периодот од 12 до 16 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани е едно кривично дело за возење без лиценца по член 284 – а од Кривичен законик и 60 сообраќајни прекршоци. Од нив четири за возење без возачка дозвола, а 21 возило е упатено на вонреден технички преглед.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Коментари

коментар(и)