Гимназијалци на размена во Швајцарија и Франција

Делегација од ученици и наставници од гимназијата Гоце Делчев замина на интеркултурна размена во детското село Песталоци во Швајцарија. Учениците ќе имаат можност да се стекнат со нови способности, да ги прошират своите видици, да добијат различни знаења за принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, толеранција и различни вредности и култури. Меѓу останатото тие ќе имаат можност и да се оспособат да преземат одговорност за самите себе но и за другите, што ќе влијае врз нивниот понатамошен развој. Покрај тоа тие ќе имаат можност да посетат и повеќе знаменитости од Швајцарија.

-Во рамки на долгогодишната соработка со коалцијата Сега од Прилеп оваа година како награда за тоа што нашите ученици биле добри  во соработката со Швајцарија одат две групи по осум ученици и две наставнички, заминаа утрово во Швајцарија  во детското село Песталоци ќе се задржат таму 17 дена ќе го презенетираат нашето училиште, градот и државата. Во рамките на оваа посета ќе бидат вклучени ученици од Гостивар, Прилеп и Куманово-посочи Соња Тодоровска, директор на СОУ гимназија „Гоце Делчев“.

Инаку ова средно училиште продолжува и со долгогодишната соработка со францускиот културен центар и училиштата од Франција. Во рамки на тоа, во вторник делегација од три професори и 18 ученици ќе заминат во Франција, каде што ќе престојуваат една седмица.

-Ќе имаат работни посети, размена на искуства, ќе го презентираат нашето училиште и изучувањето на францускиот јазик во Република Македонија односно во нашата гимназија сето ова оди со поддршка на францускиот културен центар и француската амбасада-нагласи Тодоровска.

По тој повод во понеделник гимназијата Гоце Делчев ќе ја посети францускиот амбасадор, за да даде поддршка и да ја испрати делегацијата којашто заминува.

 

Коментари

коментар(и)