Пожар од поголеми размери изминатата ноќ избувнал во кумановското село Шупли Камен.
Според сведоштва на мештаните, пожарот се доближил на педесетина метри од куќите, но натчовечките напори на пожарникарите и месното население спречиле катастрофа.
Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал вчера околу 17:45 часот, но во овој момент се уште е активен и пожарникарите се уште се на терен.
Инаку, пожари вчера имало и во Романовце, Никуштак, Черкезе, Пчиња, населбата Карпош, Слупчане и Челопек.
