Градоначалникот одговори на обвинувањата од пратеникот Петрушевски (ВИДЕО)

Денес, во просториите на Општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски одржа Прес-конференција на која даде одговор на секое поединечно обвинување кое беше изнесено завчера во рамки на пресот кој го организираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ во централата во Скопје на која говореше актуелниот пратеник од редовите на оваа партија Бране Петрушевски. Воедно, тој објави и дека конечно е завршен судскиот процес за предмет кој се однесуваше за обвинувањата на истата партија уште пред последните Локални избори, и кој како што нагласи е со пресуда во негова корист а за што обвинетите треба да му исплатат симболичен надомест од 1 денар.

Коментари

коментар(и)