Општина Куманово преку соопштение испратено до медиумите ги информира сите сопственици на неисправни, хаварисани и отпадни моторни возила, кои се оставени на јавно прометна површина, дека согласно одлуката за комунален ред потребно е да ги одјават во Одделението за управни работи Куманово (на ул. ЈНА бб), а со добиената потврда за одјава, граѓаните треба да се јават во Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при Општината, на ул. Братство и единство бр 18, Куманово (спроти градскиот стадион), со цел возилата да бидат отстранети на сметка на колективен постапувач.
На подрачјето на општина Куманово евидентирани се над 70 хаварисани возила, истакна претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска во емисијата „СТАВ“.