По шест илјади денари за секој првоодделенец од следната учебна година, најави градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Мирослав Славковски.
Општината продолжува и со поддршката за секое новороденче, еднократна помош од 30.000 денари и дополнителни средства за семејството за трошоци за вода. Се планира и ослободување од плаќање надомест за комунален смет за одредена група граѓани, односно семејства со лица со попреченост.