Граѓаните одлагаа кабаст отпад на две локации во градот

Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ започна со акциите за собирање на кабаст отпад. Денеска на две локации во градот, кај градскиот базен и на паркингот кај Територијалната противпожарна единица беа поставени посебни садови од „ Чистота и зеленило“ во кои што граѓаните можеа да го одложат отпадот од домаќинство, стар мебел, апарати за домаќинство и слично. Од комуналното претпријатие најавуваат вакви акции и во наредниот период за кои што граѓаните навремено ќе бидат известени.

Инаку, в понеделник со почеток во 09 часот на локација кај споменик костурница, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ организира акција на пошумување по повод Денот на пролетта, воедно и Денот на екологијата. Ќе бидат засадени 200 садници.

Паралелно, граѓаните, особено  образовните институции можат да бидат дел од акцијата за пошумување кај градскиот кеј.

Коментари

коментар(и)