Поставен бекатон на „Никола Тесла“

Заврши поставување на бекатон на споредните улички на „Никола Тесла“, информираа  надлежните.  Од одделението за комунални дејности од општината соопштија дека се уредуваат три крака од улицата.

-На овие улички претходно беше поставена водоводна мрежа мрежа, сега се поставува бекатон плочки. Средствата се определени во програмата за изградба, одржување и санација на улици за 2022 година. Одвоени се 1.387. 140 денари од буџетот, информираше претходно, помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Според програмата вкупно се поставени 1.137 метри квадратни бекатон. Жителите од овие улици велат дека нема веќе да газат кал и тешко да се пробиваат со возилата до главната улица.

Коментари

коментар(и)