Граѓаните спроти ЗИК се жалат на проблеми со учениците

Граѓаните кои живеат во сокачето спроти зградата на поранешен ЗИК, се жалат дека постојано имаат проблеми со учениците од гимназијата и техничкото училиште кои посетуваат настава на албански јазик. Тие тврдат дека за време на одморите, учениците доаѓаат пред нивните дворови, вршат нужда, фрлаат смет и создаваат врева. Сопствениците на куќите велат се обиделе на мирен начин да ги решат проблемите, но тоа било безупешно. Неколку пати реагирале кај управите на училиштата, општината, Министерството за образование, па дури и во Министерството за внатрешни работи, но досега добивале само лажни ветувања. 

-Удираат по огради, влегуваат, мократ пред децата,  измет се и сешто по улицата, цигари, смет, доколку им кажеш нешто веднаш се расправаат и навредуваат-велат граѓаните.

Гимназијата Сами Фрашери каде што се образуваат над 1000 средношколци, уште од 2004 година поради недостиг на просторот, требаше да биде дислоцирана на посоодветно место за настава. Таа веќе десетина години се наоѓа во поранешните простории на канцелариите на Земјоделскиот комбинат и се чека да се дислоцира во објектите на касарната Христијан Карпош, во населбата Бедиње.

Надлежните од гимназијата, истакнаа дека проблемот со граѓаните кои што живеаат во близина на училиштетот, датира подолг период. Нагласија дека поради тоа веќе неколку пати имале заеднички средби, а како училиште постојано се обидуваат да ги едуцираат учениците за примерно однесување. Додадоа дека на класните часови постојано се дискутира на темата, да не се вознемируваат жителите.

-Покрај нашето во оваа зграда е сместено уште едно училиште, голем број на ученици е сконцентртиран во еден објект на две средни училишта така што во тој дел колку може да се отстранат тие проблеми тоа е под знак прашалник, но покрај тоа и покрај сите други проблеми кои се присутни во училилштето, како објектот, условите за работа, ние сме во многу тешка ситуација, и децата и наставниците па и граѓаните. Самите ученици се изложени во голем сообраќаен ризик како прво училиштетот нема двор, тоа е пред булеварот, проблем имаат и сите кои сообраќаат на оваа локација, во таа смисла единствено решение е дислокацијата на училиштето-нагласи Халил Камбери, секретар на гимназијата Сами Фрашери.

Секретарот на гимназијата истакна дека тие се запознаени дека Советот на Општина Куманово има донесена одлука за дилокација, но тие се уште немаат добиено ниту еден официјален документ од општината или пак министерството за образование и наука.

Од техничкото Наце Буѓони, одговорија дека тие одговараат за однесувањето и настаните на учениците внатре во самото училиште, но не и надвор од него. Од таму потенцираат дека она што се случува на улиците е на совеста на учениците. Тие додадоа дека во предметите имаат делови и кои се однесуваат на однесувањето, а учествуваат и во проектот безбедни училишта, кој влијае врз едукацијата на младите.

Од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа истакнаа дека е во тек постапката за донесување на детален урбанистички план и тогаш ќе се реши проблемот со дислокација на училиштето Сами Фрашери.

 

Коментари

коментар(и)