ГРОМ во коалиција „За подобра Македонија“

Општинската организација на ГРОМ соопшти дека на престојните  парламентарни избори ќе настапи во коалиција За подобра Македонија, бидејќи целосно стои зад политичките определби и програмата која што ја нудат овие партии. Зоран Петрушевски од општинската организација на ГРОМ истакна дека на заедничките изборни листи ќе бидат застапени со 4 кандидати и ќе дадат се од себе за да остварат апсолутна победа, со над 62 пратеници во Собранието.

-ГРОМ изминативе 2 години инсистираше на една брза изборна разрешница на постојната политичка криза во Македонија но иако тоа не се случи сепак го поздравуваме одржувањето на претстојните парламентарни избори на 11 –то декември. ГРОМ е на мислење дека овие избори не се „обични избори , овие избори не се избори за кои можеме да кажеме дека е важно да ги има ама не е важно кој ќе победи и ќе застане на чело на државата. За ГРОМ овие избори се избори од исклучително значење па дури би рекле и од историско значење за нашиот народ и нашата држава-истакна тој.

Петрушевски додаде дека Република Македонија се наоѓа на историска раскрсница  на која мора да се најде вистинскиот пат кој води во посигурна и посреќна иднина.

-Како никогаш до сега имаме можност на еден цивилизиран и демократски начин политички да ги поразиме сите оние кои се залагаат за промена на името на нашиот народ и државата, да ги поразиме сите оние кои се залагаат за федерализација на нашата држава, сите оние кои се залагаат за двојазичност или тројазичност на нашата држава, сите оние кои бескруполозно ги напаѓаат, бојадисуваат и рушат нашите споменици и институции-истакна Петрушевски.

Од ГРОМ нагласија дека застануваат цврсто на страната на унитарна Македонија, Уставот, инситуциите, политиката која се темели на програми и проекти за развој на државата.

 

 

 

Коментари

коментар(и)