ГРОМ: Се потврдија нашите сомнежи за општината

Општинската организација на ГРОМ денеска одржа пресконференција на која беше истакнато дека нивните сомнежи за недомаќинското и расипничко работење во општина Куманово во врска со организираниот превоз на учениците се потврдиле. До ваков заклучок ГРОМ дошол по добиениот писмен одговор од општината и врз основа на увидот на сајтот на Бирото за јавни набавки при министерството за финансии на РМ. ГРОМ пред два месеца објави дека иако бројот на учениците кои што користат организиран превоз се намалува, сепак трошоците за таа намена се зголемуваат со што општина Куманово претрпува штета.

Коментари

коментар(и)