Околу 3000 ученици од гимназијата „Гоце Делчев “ и основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ секојдневно поминуваат по улицата„ Среќко Пужаљка “ која што е исполнета со дупки, а на некои места има и цели кратери. Како е можно локалната власт да не забележи во каква состојба се наоѓа улицата која поминува покрај три училишта и градинка во централното градско подрачје, праша денеска советничката Злата Божиновска од ВМРО -ДПМНЕ.
-Градоначалниче, дали сте свесен за реакциите на родителите на 150-те дечиња од блиската градинка кои што секојдневно поминуваат по улицата…. изјави Злата Божиновска , ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово
И жителите на оваа улица, но и на „Чупино брдо “ сведочат за проблемите со кои се соочуваат поради состојбата во која се наоѓа посочената улица.
Советничката Божиновска нагласи дека улицата среќко пужањка била запишана во програмата на градоначалникот за 2013-та година како приоритетна.
Божиновска го повика градоначалникот во рамките на најавената Пролетна офанзива на СДСМ да помине по Среќко Пужаљка каде што граѓаните ќе го потсетат што побрзо да се преземат активности за реконструкцијата на улицата.