Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска ја посети новоизградената патарина Романовце , која е првата од вкупно седум што се градат на територијата на РМ , со средства од Европската банка за обнова и развој. Инвестицијата за модернизација на патарините каде што ќе се применува и нов начин на плаќање за сите седум патарини изнесува 18 милиони евра. Модернизцијата на патарините во Македонија ќе обезбеди побрз транспорт и побрзо завршување на обврските од страна на граѓаните.
-Се овозможува освен плаќањето како досега со кеш средства, да може да се плаќа со картичка и да може да се плаќа електронски односно со еден вид вињети односно на начин што возилото не треба да застанува туку со самиот факт што има налепница на шофешајбната на возилото рампата се отвора и тој не мора да застане. Оваа модернизација ќе помогне многу затоа што често пати кога има шпицови на гужви доаѓа до застои и до многу чекање на возилата. Сега на овој начин ќе има драстично забрзување и дефинитвно модернизирање, изјави Никола Груевски , претседател на ВМРО ДПМНЕ
По остварената средба со членовите, симпатизерите и граѓаните на Куманово на градскиот плоштад, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Груевски изјави дека дошло време за промена на власта во Куманово.
– Дојде време кога самите челници на СДСМ во Куманово јавно зборуваат дека има урбана мафија и кажуваат дека ако сега пак победеле како партија дека ќе почнеле да ја рушат урбаната мафија во Куманово, така што овдека се многу зрели нештата за промена на власта, изјави Груевски.
Груевски потенцираше дека по локалните избори ќе има многу работа за подобрување на нештата кои се случуваат во Куманово.