„Маалски средби“ во организација на УМС на ВМРО ДПМНЕ

Маалски средби се насловени трибините што наредниот период во повеќе населени места ќе се одржат во организација на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ. Карванот на трибини кој што започнува во нашиот град утре , на пресконференција го најави Никола Перовиќ од УМС.

-Целта на самите трибини е што поголем број на млади луѓе директно и активно да се вклучат во настанот каде што ќе можат да ги дадат своите идеи предлози, сугестии и размислувања како својот град да го направат поубаво место за живеење. Исто така да ги кажат своите проблеми со кои што секојдневно се соочуваат како млади луѓе во своето место на живеење. Веруваме дека младите луѓе имаат што да кажат за Куманово по тоа прашање. Затоа утре во Соколански парк во 18 часот ги поканувам сите млади луѓе, сите наши членови , активисти, симпатизери, поддржувачи да дојдат и да дадат свое директно вклучување во самиот настан што ќе можеме директно да испратиме порака дека младите луѓе во Куманово се за ВМРО ДПМНЕ  и дека ВМРО ДПМНЕ  секогаш е тука за младите, дека веднаш по враќањето на власта ВМРО ДПМНЕ  повторно ќе биде единствениот вистински парнер на младите, изјави Никола Перовиќ, УМС на ВМРО ДПМНЕ, Куманово

Трибини на истата тема се одржуваат во сите градови и населени места на територијата на РМ, информираат од Унијата на млади сили.

Коментари

коментар(и)