Намален е криминалитетот и бројот на сообраќајни незгоди во првото полугодие од годинава во Куманово. Полицијата регистрирала 573 кривични дела , од кои повеќе од половина односно 53 проценти се реализирани. Споредбено со истиот период минатата година станува збор за 19 процентно намалување на кривичните дела. Гледано по области, најзастапен е класичниот криминал со евидентирани 541 кривично дело.
-Вкупната материјална штета која што ја претпреле граѓаните по однос на овие кривични дела е 59 453 677 денари или поднесени се 280 кривични пријави против 383 сторители, изјави Игор Митевски, командир на ПС од општа надлежност Куманово
За разлика од класичниот, економскиот криминал и недозволената трговија бележат намалување за три проценти, информираат од СВР Куманово.