Дали кумановци го почитуваат полицискиот час? (ВИДЕО)

Секторот за внатрешни работи Куманово е секојдневно на терен, и ги спроведува мерките кои се донесени од владата. Последната е полицискиот час кој почнува во 22 часот и трае до 5 часот наутро. Медиумските екипи од Куманово вчеравечер беа на терен, и она што го забележаа е почитување на мерките и сите кои беа излезени со автомобили или патуваа со комбиња или автобуси имаа дозволи за движење. За оваа една недела откако е на сила полицискиот час се изречени 18 казни, додека во текот на изминатата година таква казна добиле 256 граѓани, од кои 178 на територијата на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, додека останатиот дел во Крива Паланка, Кратово и Ранковце.

 

Во продолжение и снимките од празното Куманово од синоќешниот полициски час.

Коментари

коментар(и)