Секторот за внатрешни работи информира дека вчеравечер во 21 часот било пријавено дека во село Горно Којнаре, кумановско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца жители на Горно Којнаре на возраст од 41 и 49 години. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти полицијата.
Во ОВР Крива Паланка вчера попладне 27- годишна жена од Крива Паланка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
