Двајца кумановци претепани на градскиот плоштад

Двајца кумановци  викендов биле претепани со палки и тупаници на градскиот плоштад од пет други лица. И двајцата биле  задржани на болничко лекување.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи,  29 годишно момче седејќи заедно со друго лице во ресторан на плоштадот „Маршал Тито“  физички биле нападнати од пет лица, кои што се идентификувани од полицијата, но не е соопштена нивната возраст. Момчето  пријавило дека во сабота, 15 минути по полноќ  без никаква причина напаѓачите го  удирале  со бејзбол палки  по главата и телото и му нанеле видливи повреди, а другиот  добил безброј тупаници.

По извршеното дело сторителите побегнале од местото на настанот.

На повредените им била укажана лекарска помош во општата болницата во Куманово во два часот и триесет минути по полноќ.

Кумановската полиција допрва ќе утврдува која била причината за физичкиот напад на двете момчиња и дали на овој случај претходела некоја друга расправија меѓу двете групи. До сега нема информација  дали  напаѓачите се приведени и кое било нивното објаснување за инцидентот.

Коментари

коментар(и)