Двајца кумановци приведени поради прашкаста материја

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во село Черкези, лишиле од слобода двајца кумановци. При преглед во патничко моторно возило „фолксваген голф”со кумановски регистарски ознаки управувано од Д.С. ,а како совозач се наоѓал Б.Б., била пронајдена прашкаста материја, информира полицијата. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)