Во Куманово вчера двајца малолетници биле каснати од куче скитник.
Според билетенот на СВР Куманово 42-годишна кумановка вчера напладне пријавила дека на улицата „Тоде Думба“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Малку подоцна, пред 16 часот, во полицијата 40-годишен кумановец пријавил дека на булеварот „Октомвриска револуција“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Уште една пријава во СВР Куманово, овојпат станува збор за физички напад.
Вчеравечер во 22.30 часот во СВР Куманово, 56-годишен кумановев пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од таткото и братот на неговата девојка, соопштија од СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.