Најден Бајдевски е реизбран за претседател на Локалниот економски – социјален совет на првата средба што се одржа денеска во просториите на општина Куманово.
Присутните беа запознаени со методите на правата и должностите на работата на членовите на ЛЕСС-Куманово, а освен претседател избрани беа и заменикот и секретар на Советот. Беше разговарано и за идните планови и активности на Локалниот економски-социјален совет Куманово.