Над сто студенти ја започнаа академската година на Еуро Колеџ во Куманово, кој успешно опстојува 21 година. Еуро Колеџ работи по меѓународна програма која ги упатува студентите во деловното право, во правилата за административни процедури и менаџерски вештини неопходни во деловниот свет, а дипломата секако е меѓународно признаена. Уписите траат до крајот на октомври, а проекциите се дека годинава ќе биде надминат рекордниот број од 145 новозапишани студенти. Идните студенти можат да се запишат на насоката за бизнис администрација во Куманово, и на сајбер безбедност, компјутерски мрежи, музички бизнис и интеранционално организирање на настани и туризам во Скопје.
Паралелно, во тек се запишувањата и на Лондон Метрополитен Универзитетот чиј партнер е токму Еуро Колеџ од Куманово веќе шест години.

„Куманово не само што има колеџ 21 година, Куманово има колеџ со престиж и тоа престиж кој е потврден од највисоки институции надвор од оваа држава, а тоа се потврдува и со зголемениот интерес на студентите“, вели основачот и декан на Еуро Колеџ, проф.д-р Љубиша Петрушевски.

Повеќе детали за тековните уписи на Еуро Колеџ и на Британскиот државен универзитет во вестите во 18 и 22 часот.