Две лица се повредени вчера при настанат пожар во куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“. Од Итната медицинска помош до Регионалниот центар за управување со кризи Куманово била доставена информација дека две лица се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници по телото.
– Еден од потешко повредените е пренесен во Скопје за понатамошно лекување, додека другиот полесно повреден е на хируршкото одделение во Општа болница Куманово, стои во билтенот на РЦУК.
Интервенцијата на пожарникарите околу два часа. Причината за избувнување на пожарот и вистината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.