Едно лице почина, а двајца се повредени при настанат пожар во Куманово

Едно лице почина, а двајца се повредени при настанат пожар во куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“. СВР Куманово информира дека вчера во 16.55 часот било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на 69-годишен кумановец. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови на возраст од 33 и 44 години кои што биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијаланата противпожарна единица Куманово.

Коментари

коментар(и)