Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ утре и в недела ќе организира акција за собирање кабаст отпад. Кумановци ќе имаат можност на четири локации во градот да депонираат кабаст отпад: на паркингот кај противпожарната единица, кај градскиот базен, во населба „Гоце Делчев“ кај кошеви и во Долно Којнаре, кај споменикот на авијатичарите. Граѓаните ќе имаат можност да го одложат отпадот, по што екипите на претпријатието ќе го изнесат. На претходните акции немаше доволно интерес од кумановци за акциите за изнесување на кабаст отпад. Претпријатието нуди можност на граѓаните за одредена сума да се јават и екипи од претпријатието да го изнесат отпадот, особено при реконструкции на куќи, објекти и слично. Сепак, мал број на граѓани ја користат оваа можност.