Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски вчера оствари работна средба со делегација од Израел во состав од Michael Goldstein, Isabella Goldstein и Eyal Ashkenazi, објави Општина Куманово.
Според објавата, во придружба на почесниот конзул на Израел Градимир Шумковски присуствувале Тони Менкиноски, Трајан Балканов и Љубомир Гајдов. Заедно со градоначалникот биле претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска, помошникот рaководител на Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР Донка Петровска, претседателот на ЛЕСС Најден Бајдевски и претставник на локалната бизнис заедница Благоја Бајдевски.
„На средбата се разговараше за можности за воспоставување партнерство помеѓу Еилат, Хаифа и Куманово, за потенцијални заеднички проекти во областа на прехранбената индустрија и агробизнисот, вклучување на локални компании во понатамошни економски иницијативи, размена на искуства и можности за инвестиции преку институционална и бизнис соработка на локално ниво. Од денешната продуктивна средба произлегоа идеи и предлози за реализација на проекти, кои ќе имаат огромно значење за граѓаните на двете страни“, пишува во објавата.