Општина Куманово е избрана како еден од 62 региони во Европа кои се дел од престижната програма „Pathways2Resilience”, финансирана од Европската унија за адаптација на климатските промени.
Проектот започнува со имплементација во јануари 2026 година и ќе трае 18 месеци, односно до јули 2027 година.
Главна цел на овој проект е да ја зголеми отпорноста на регионите и локалните заедници кон климатските промени, преку развој и спроведување на стратегии за климатска адаптација. Програмата има за цел да ја подобри подготвеноста на општините за справување со климатските ризици, како што се топлотни бранови, поплави и суши, преку интегрирано планирање, размена на знаења и вклучување на заедницата.
Со учеството во овој проект Општина Куманово ќе има можност да изработи сеопфатна стратегија за климатска отпорност, како и акционен и инвестициски план за намалување на негативните ефекти од климатските промени и зголемување на одржлив развој на локално ниво.