Десетина мигранти вратени од српската граница

За десетина  мигранти и денеска остана затворена српската граница. Откако биле пропуштени  390  мигранти  кои што утрово пристигнале со воз од Гевгелија, на последната група не им бил дозволен влез на српската територија.

-Имаме документи, но не не пуштаат. Велат да се вратиме назад, а не ни објаснуваат зошто. Јас сум од Сирија и веќе седум дена сум во транзитниот центар Табановце. Други доаѓаат од Гевгелија и заминуваат, а мене не ме пуштаат.

– Од утринава сме во меѓузоната, не не пуштаат да влеземе во Србија. Една поголема група замина, а ние останавме. Не ја знаеме причината, ги имаме сите потребни документи,  изјави мигрант од Сирија

– Немаме каде да се вратиме, ќе останеме да спиеме на нива. Ние не сме терористи, само бегаме од  насилството кое што владее во нашата држава, не сакаме да останеме до Македонија -изјави мигрант од Сирија

Капацитетот на транзитниот центар речиси е исполнет. Бројката секојдневно варира во зависност од тоа колку мигранти успеале да заминат, а колку пак нови не можеле да заминат во Србија.

– И со нив не знаеме што ќе се случува , дали ќе продолжат или ќе се вратат тука, тука бројката е повеќе од 900, ние како невладина организација се трудиме секој ден да им обезбедиме топол оброк и разнолична храна–изјави Дритон Маличи НО „Легис“

Иако најголем број од бегалците веќе две недели се заглавени на Табановце и се во неизвесност што ќе се случува со нив, , во Транзитниот центар нема проблеми со бегалците.

 

Коментари

коментар(и)