Се намалува бројот на заболени од грип

187 граѓани заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје во Куманово последнава недела. Во однос на претходните седум дена кога биле  регистрирани 247 заболени од грип сега бројката е намалена. Според надлежните на Центарот за јавно здравје, се уште не може да се каже дека сезоната на грипот завршува, но веќе почнува да се чувствува благо намалување на заболените од грип. Најзастапената возрасна  група вообичаено  е од 15 до 64 години, а потоа следи групата од 5 до 14 годишна возраст.  Најчестите симптоми кои што се јавуваат при оваа болест се тресканастинкa, воспалено грло, болки во мускулите, главоболки, кашлање, изнемоштенот.

Кога станува збор за ова сезонско заболување, лекарите препорачуваат да се избегнува подолг престој во затворени простории,  адекватно облекување, проветрување, користење на витаминска терапија, а  при евентуални поголеми компликации заболените да се консултираат со матичен лекар.

Граѓаните кои што денеска ги анкетиравме велат дека ги почитуваат препораките на лекарите. Јадат здрава храна и пијат многу течности.

 

Коментари

коментар(и)