„Даја“ со проект за интеграција на малцинствата на пазарот

„Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување“ е насловот на новиот проект кој започна да го реализира ромска невладина организација за жени „Даја“. Целта на проектот е да се подобри процесот на интеграција на младите лица и жени од етничките малцинства, преку зголемување на конкурентноста, зајакнување на капацитетите за вработување и самовработување, поттикнување и формирање на нови бизниси и еднаков пристап за искористување на можностите кои постојат. Целна група се и невработените лица припадници на етничките малцинства во државата, претставници на приватниот сектор, компании кои се потенцијални работодавачи и организации кои работат на поддршка и јакнење на економскиот потенцијал.

-Ќе имаме обуки за кариерно советување, вработување, што подразбира обуки за CV, мотивационо писмо, интервју за работа, IT курсеви, обуки за започнување на бизнис, креативни работлници со жени, работни пракси за 30 млади, курс по англиски јазик. На крај ќе имаме натпревар за бизнис план, и за најдобриот ќе следи парична поддршка од 3.000 евра за пет бизниси од кои еден ќе биде во Куманово-изјави Бајрам Демирали ромска невладина организација за жени „Даја“.

Заинтересираните млади лица, студенти и жени, можат да се пријават на веб страната Претприемач.мк или во просториите на организацијата кои се наоѓаат на улицата „Иво Лола Рибар“. Проектот кој е во времетраење од 20 месеци, е финансиран од Европската унија, а се имплементира во соработка со Фондацијата ПСМ, ЗИП Институтот и Фјучр 21 од Република Бугарија.

 

 

Коментари

коментар(и)