ДЗС: Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот месец изнесува 44.711 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105,8.

– Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (13,1%), градежништво (12,6%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,1%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: дејности во врска со недвижен имот (10,4%), финансиски дејности и дејности на осигурување (9,1%) и градежништво (7,6%), посочија од ДЗС.

Коментари

коментар(и)