Нови 33 случаи на ковид-19 во Куманово, 848 новозаболени во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.506 тестови, а регистрирани се 848 нови случаи на Ковид-19, од кои 33 во Куманово.

Од вкупниот број на позитивни (848), регистрирани се 116 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица, меѓу нив и кумановец на возраст на 52 години.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица.

Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5.775, во Куманово 256.

Коментари

коментар(и)