„Во Куманово на избирачкото место 1133 во село Живиње каде што има запишани 12 гласачи, поради објективни околности, конкретно заради прекин на електрична енергија Државната изборна комисија, согласно Изборниот законик, донесе одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи непречено без користење на уред за биометриска идентификација бидејќи од екипата на ЕВН кажале дека интервенцијата би траела најмалку еден ипол час на лице место. Ние не сакавме да губиме време и гласањето продолжи со користење на УВ спреј и УВ ламба “, информираше на прес-конференција Борис Кондарко, претседател на ДИК.
ДИК: На избирачкото место 1133 се користи УВ спреј и УВ ламба заради прекин на електрична енергија
