Димитривски: Уништени канделабри, СДСМ: Лажна вест

„Додека ние го градиме градот ти наместо да го штитиш јавниот имот го уриваш, нови клупи, канделабри и урбана опрема на градски плоштад, се уништува јавен имот за да се постави бина. Ова никогаш не било вака,
зарем Куманово го заслужува ова? Зошто ваков вандализам, на кого даваш пример? Зошто го правиш ова Оливер? Срамота!“, порача  на социјалните мрежи независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски.

По неговата реакција од СДСМ одговорија „градоначалникот во заминување, да не шири лажни вести дека нешто се уништува или крши.

Во моментов се поставува сцена на градаскиот плоштад за вечерашната граѓанска трибина на СДСМ. И самиот граодначалник во заминување знае дека кога се поставува и монтира сцената, се отстрануваат сите елементи од тој простор и повторно се враќаат назад во првобитна форма и локација.

СДСМ ја има поддршката од граѓаните и затоа ќе победи на следните избори, додека некој безидејност и очај се обидува да шири лажни информации, знаејќи дека го чека голем пораз од страна на граѓаните на овие локални избори.

На лажниот патриотизам крајот му е на 17 октомври, кумановци повторно ќе изберат црвено, Куманово ќе остане бастион на СДСМ, лажните ветувања и заштитата на личниот интерес се препознаени од страна на граѓаните. Овие денови маските паднаа и се знае кој е вистионскиот социјалдемократ, Оливер Илиевски ќе биде идниот градоначалник на Куманово. На 17 октомври сите заокружуваме број 12, се вели во нивното соопштение.

 

 

Коментари

коментар(и)