Димитриевски: До крајот на годината движење со седиште во Скопје

„Сите овие организации коишто веќе ги формиравме, а всушност се граѓански здруженија ќе имаат една заедничка иницијатива до крајот на годината да формираат едно заедничко движење со седиште во Скопје коешто понатаму ќе се легитимира пред граѓаните“. Ова го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во интервју за Макфакс.

Тој информираше дека името на движењето ќе го прифатат така како што сака членството, иницијативите за градење на политичките платформи и програмите ќе бидат всушност идеи од граѓаните и луѓето што професионално се занимаваат со тоа.

„Во делот на националните политики ќе бидеме едноставно луѓе коишто си го бранат своето, нема да го чепкаат туѓото. Значи, ќе биде мултиетничко движење, не само на Македонците, туку сите кои ја сакаат и почитуваат Македонија и заеднички ќе изнајдеме начин како од Македонија да направиме поубаво место за живеењерече Димитриевски.

Коментари

коментар(и)