Димитриевски се сретна со корисниците на „Порака наша“

Победникот во трката за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска ги посети корисниците на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша. Тие разговараа за актуелните теми и проблеми коишто јa засегаат оваа категорија граѓани.

-Ќе мораме многу како заедница да работиме на надминување на сите потешкотии коишто ги имаат во секојдневниот живот а тие се огромни тргнувајќи од самите нив, до семејствата, штитеници, бројката е голема овде во нашата општина засега имаме две вакви институции кои згрижуваат организирано дневни центри за лица со попреченост-истакна тој.

Димитриевски е оптимист дека општината, со поддршка на државата ќе обезбеди средства за отворање на поголем број вакви дневни центри, бидејќи какошто рече нивната социјализација е неминовна.

Идниот градоначалник на Куманово, по Порака наша, го посети и дневниот центар за лица со интелектуална попреченост под 18 години, кој се наоѓа кај поранашен Чик.

Коментари

коментар(и)