Жално и трагично е да се користи загубен човечки живот за собирање на дневно политички поени! Не се точни обвинувањата од СДСМ дека наводно градоначалникот, Максим Димитриевски е одговорен и требал да сноси одговорност за несреќниот случај со сообраќајната несреќа, а во која млад човек го загуби својот живот.
Општина Куманово континуирано работи на подобрување на безбедноста во сообраќајот преку асфалтирањe и реконструкциja на улици, патишта, тротоари, поставување на средства за успорување во сообраќајот, нови
сообраќајни решенија, хоризонтална и вертикална сигнализација, како и тампонирање и пробивање на патишта, се вели во соопштението од општината.
На дел од улицата Тоде Думба се изградени тротоари кои постојано се узурпираат од непрописно паркирани возила. На критичната точка Општината во најкус можен рок ќе ја санира настанатата штета со реконструкција на постоечката ограда која претходно во повеќе наврати е предмет на уништување.
Апелираме до СДСМ Куманово да не злоупотребува, дефокусира и манипулира со овој несреќен случај. Тоа што целата јавност бара е одговорност за автобуската несреќа којашто се случи во Бугарија, а во која 46 лица го загубија својот живот. Срамни се обидите за дефокусирање од вистинските одговорности!
Очекуваме МВР да излезе со официјални информации која е причината за сообраќајната несреќа, а Општина Куманово ќе ги преземе сите со закон предвидени дејствија со цел уништениот јавен имот да го реконструира и
повторно да го стави во целосна функција, како и дополнително да направи сообраќајна анализа на местото на настанот со цел да ја зголеми безбедноста на оваа локација во градот, завршува во соопштението.
