На 29.12.2025 во 17:20 часот во СВР Куманово, 29-годишна жена од Куманово пријави дека во близина на домот каде што живее, едно лице ја следело и ја допирало по телото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.12.2025 во 15:13 часот во СВР Куманово, И.И.(32) од кумановско село пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Д.В.(74). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.12.2025 во 20:30 часот во СВР Куманово, М.А. од Куманово пријави дека во неговиот двор бил физички нападнат од неколку лица при што се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.