Донирани перници и прекривки во болницата

Нови 100 перници и исто толку прекривки утринава донираше фирмата Жито Маркети на Општата болница Куманово. Донацијата е наменета за акушерскиот оддел, но по потреба ќе се користи и за другите одделенија. Директорот на болницата, Ариф Љатифи истакна дека ваквите акции се многу важни за градење подобро општество, кое преку солидарност ќе ги социјализира граѓаните, а со тоа ќе се помогне онаму каде што е најпотребно.

-Оваа донација е од големо значење за нашата болница и ќе помогне да пружаме што поквалитетни услуги на нашите пациенти. Исто така им се заблагодарувам на Жито маркети што не одбраа нас овој пат. Дополнително ќе апелира до нашите сограѓани и другите македонски фирми да спроведат да ги подржуваат ваквите хумани акции и да помогнат на нашите болници бидејќи ова е општо добро за сите-наведе тој.

Од компанијата истакнаа дека акцијата е преку кампањата „Навика да добивам повеќе“, која се спроведува две години. Додадоа дека и во иднина планираат да продолжат со општествено одговорни активности во сите градови низ Македонија.

-Денес сум посебно среќен што се наоѓаме тука во Куманово и што можеме да излеземе во пресред на барањето за донации на јавната установа Општа Болница Куманово. Ја користам приликава да се заблагодарам на сите наши потрошувачи кои се членови на нашата лојална картичка кои платформата Навика да добивам повеќе ја издигнаа на еден повисок степен што ни овозможи да донираме за општо добро на заедницата-изјави  Стојанче Тодороски, маркетинг директор.

Ова е четврта здравствена установа во која Жито маркети донираат неопходни средства за подобри услови на пациентите, како и за поуспешно и полесно. Претходно вакви акции беа направени во болниците во Велес, Кичево и Кочани.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)