ДПМНЕ: ЈО да го испита работењето на општината

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска го повика јавното обвинителство да го испита работењето на општина Куманово и да го провери основаниот сомнеж за 652 пати поскапиот превоз на ученици  во споредба со било која друга општина во државата. Од партијата посочија дека општината го прекршила законот со воведување на други услуги, а се со цел нереално зголемување на цените за превоз. „Овие пари од граѓаните, наместо за инфраструктурни проекти во Куманово,  се одлевале во приватни фирми, рече Марио Цветковски, претседател на УМС.

-Зарем за Дамјановски и за СДСМ е нормално една дестинација да биде 1029 пати поскапа во споредба со слична во општина Битола.? Ако општина Битола и градоначалникот Владе Талески организирал превоз на дестинација Битола-Лавци во должина од 3,2 километри и цената поединечно по ученик изнесува 12,18 денари, општина  Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски организирале превоз на ученици на дестинација Спомен костурница – ООУ„11 Октомври“ и обратно во должина од 2,2 км. И цената на ученици поединечно изнесува застрашувачки 12.545 денари, изјави Марио Цветковски, претседател на УМС на ОК ВМРО ДПМНЕ, Куманово

ВМРО ДПМНЕ  посочи уште една релација во Куманово за чија должина  споредбено со Битола, со како што вели Цветковски , недомаќинските договори што ги склучил градоначалникот Дамјановски , се плаќа 306 пати поскапа цена по ученик за изминат километар. Според ДПМНЕ, со информациите со кои што располагаат постои основан сомнеж дека во општината се случува невиден грабеж.

Коментари

коментар(и)