Државно првенство во пинг понг за сениори и сениорки

Во гимназијата Гоце Делчев во недела во 10 часот ќе се одржи државно првенство во пинг понг за сениори и сениорки до 21 година. На натпреварот ќе учествуваат пингпонгари од осум клубови од Куманово, Кратово, Крива Паланка, Скопје, Штип и Прилеп.

Од Куманово ќе учествува најдобрата млада пингпонгарка Ива  Димитриевска. Со овој натпревар завршува сезоната на пингопонгарите.

Организатор на натпреварот е Пингпонгарската федерација на Македонија, во соработка со пинг понг клубот од Куманово.

Коментари

коментар(и)